Мијалков во четврток излегува од затвор одлучи Апелацискиот суд

Поранешниот шеф на УБК Сашо Мијалков во четврток излегува од затвор под услов до 25 април наредната година да не стори кривично дело, одлучи Апелација.

Како што соопштија од судот, ова решение е по жалбата на Мијалков на одлуката на Основен Кривичен суд Скопје, а го донеле на седница затворена за јавност, на 14 мај.

Жалбата на Мијалков е на решението на Основниот кривичен суд Скопје со кое Судот донесе одлука за условен отпуст на поранешниот шеф на УБК со која тој требаше да излезе од Казнено Поправниот Дом Струга на 25 декември годинава, а условниот отпуст му се смета до 25 април 2025 година.

Мијалков издржува казна во затворот во Струга, откако по признание на вина,беше осуден на три години затвор во предметот „Империја“.

Поврзани објави

Музеј на „Алкалоид“ АД Скопје – Kорпоративната историја и традиција на едно место

„Алкалоид“ го официјализираше отворањето на корпоративниот Музеј во рамките на својот локалитет во „Автокоманда“, кој претставува автентичен времеплов…
Повеќе
Total
0
Share