Меџити: Коалицијата „ВРЕДИ“ не бојкотира, туку повикуваме нашите гласачи да излезат да гласаат

Изет Меџити, претседател на Демократското движење и носител на листа во Првата изборна единица од албанската опозициска коалиција „ВРЕДИ“ на денешната прес-конференција нагласи дека тие не бојкотираат, туку, како што рече, повикуваат нивните гласачи да излезат и да гласат на претседателските избори за еден од двајцата кандидати.– Не, не одиме на бојкот. Ги повикуваме нашите гласачи да гласаат за кандидатите за претседател, а за кого ќе гласаат тие, ние ги немаме во џеб тие гласови, ќе гласаат според нивното убедување за подобриот кандидат – рече Меџити.Тој се заблагодари на околу 10 илјади сограѓани од дијаспората кои се дојдени за да го остварат своето гласачо право на вториот ктуг на претседателските и на парламентарните избори на 8 мај.– Дува ветерот на промени и тоа го чувствуваме. Се заблагодарувам на околу 10 илјади наши сограѓани од дијаспората кои веќе се дојдени, ги оставиле своите работи и обврски таму за да го искористат правото да гласаат и да придонесат за промената која треба да дојде на овие избори. Повеќето се самоорганизирани, некои и со нивна помош преку нивните организации по различни држави во Европа – рече Меџити.

Поврзани објави

Музеј на „Алкалоид“ АД Скопје – Kорпоративната историја и традиција на едно место

„Алкалоид“ го официјализираше отворањето на корпоративниот Музеј во рамките на својот локалитет во „Автокоманда“, кој претставува автентичен времеплов…
Повеќе
Total
0
Share