Мажот кој со сопругата загина во Хрватска пред несреќата се снимал во живо дека вози „бмв“ 200 на саат

Еди Здјелар (24) и неговата сопруга загинаа вчера во тешка сообраќајна несреќа кај Новска во Хрватска, а нивното двегодишно дете е тешко повредено.Здјелар управувал „бмв“ со кое со голема брзина удрил во камион на автопат, а со нив во автомобилот имало и дете. До несреќата дошло кога тој удрил во задниот дел на камионот со босански национални ознаки што се движел пред него во истиот правец.Неколку часа пред несреќата, 24-годишникот на својот Фејсбук профил објави видео на кое се гледа како вози на автопат, каде може да се забележи дека возел повеќе од 200 километри на час. На видеото во позадина гласно се слуша музика, а надвор врне.

Поврзани објави
Total
0
Share