Македонија спремна да ѝ помогне на Словенија да се избори со катастрофата

Министерката за одбрана, Славјанка Петровска, објави дека Македонија е подготвена да ѝ помогне на Словенија да се избори со катастрофата и големите поплави што ја зафатија земјата по невремето.

„Со големо жалење ја следиме состојбата во Словенија, која ја погоди големо невреме и поплави. Не можеме да го гледаме ова, а да не понудиме помош. Подготвени сме да подадеме рака и да помогнеме во справувањето со последиците од ова невреме и да покажеме дека вистински пријатели се познаваат во тешки моменти. Заедно сме посилни!“, рече Петровска.

Голем број луѓе во Словенија беа евакуирани, а според досегашните информации едно лице загинало.

Поврзани објави

Делегација од земјата ќе учествува на регионалната конференција за микрофинансии Microbalkans 2024 во Сараево

Групацијата на небанкарски финансиски друштва при Стопанската Комора на Северна Македонија, заедно со претставници од Министерството за Финансии…
Повеќе
Total
0
Share