МАТЕРИЈАЛНА ШТЕТА ВО МНОГУ КУЌИ
„Две соби заедно со ходникот се сите во вода, бањата е исто така во вода“
„Ги извадивме фотелјите, шпоретите, фрижидерот, сите“.
Ова беа последиците од лошото време кое синоќа ја зафати Општина Сарај, пренесува КланМ.
Центарот за управување со кризи има добиено пријави за штети од населените места Буковиќ и Ласкарци.
Семејството на Зибер во Буковиќ од Сарај, како што пренесува КланМ, покрај штетата внатре во куќата, се обидуваше да го исчисти и дворот исполнет со вода.
Освен куќата на Зибер, големи штети претрпеа и многу други куќи на Буковиќ
“Ќе ви покажам овде, тројца соседи овде се повисоко од мене, на друга страна се четворица, и јас сум, осум”, вели Зибер Шабани, жител на Буковиќ.
Слична ситуација и во Ласкарци. Поројните дождови, како што пренесува КланМ, предизвикаа поплави во куќата на Елмаз Камбери. Ова семејство само обезбедило работници да ја исчистат поплавената куќа.
„Штетата започна во 23:00 часот, не бев тука, кога дојдов врнеше, дојдов овде имаше многу дожд, ставив дрво таму, го фатив од тука, отиде до вратата, ставив ќебиња на вратата, а водата влезе и таму внатре”, изјави Елмаз Камбери, жител на Ласкарци.
“Внатре дали имате штета?“
“Има малку, сите фрижидери се расипани.“
“Сега сте почнале целата куќа сами ја чистите?“
“Да, целата сами, само сами.“
И семејството Рамадани, како што пренесува КланМ, се соочи со последиците од лошото време и поплавите.
“Два часа беше цела со вода, потоа ги искршивме сите тули овде бидејќи се плашев да на влезе внатре и да го ризикува семејството. Бунарот е целиот наполнет со вода, шактот, двете коли беа оштетени, а како што видовте внатре имаше фрижидер и шпорет, сите овие работи, но уште еднаш фала Богу што го спасив семејството, тоа е најдоброто.“
“Сега ние ќе ги собереме парите колку ќе чини, ќе платиме, дали ќе дојдат од Општина или не, не знаеме до сега, никој не дојде да види“.
Граѓаните кои претрпеа штети од поплавите чекаат надлежните од општина Сарај да ги проверат и констатираат штетите./КланМакедонија