Лога:2/3 за Програмата на ВМРО, но не и 2/3 за уставните измени

,, Давањето поддршка од страна на ВРЕДИ за програмските цели на ВМРО-ДПМНЕ (Програма 1198) преку менување на системски закони со 2/3 мнозинство, создавајќи министерства/ресори за да ги развластуваат Албанците, покажува нивна примерна вазалност. Создавањето на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини го прави Министерот за економија неважен и само декор, односно министер без ресор”,напиша министерот за правда и Генерален секретар на АА, Кренар Лога на својот фб профил.

Според Лога, истото се очекува да се случи и со Министерството за труд и социјална политика, одземајќи ги надлежностите за предучилишното образование, односно градинките, и префрлувајќи ги тие надлежности во Министерството за образование, што исто така ќе направи уште едно министерство што ќе го водат Албанците безвредно.

,,Нема врска друже, здравството не го чепкаат, зборував со Мицко”,потенцира Кренар Лога.

Поврзани објави

Делегација од земјата ќе учествува на регионалната конференција за микрофинансии Microbalkans 2024 во Сараево

Групацијата на небанкарски финансиски друштва при Стопанската Комора на Северна Македонија, заедно со претставници од Министерството за Финансии…
Повеќе
Total
0
Share