Лога: САД сакаат да нѐ видат во Европската Унија

Министерот за правда Кренар Лога имаше средба со Габриел Ескобар, заменикот помошник државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања и специјален претставник за Западен Балкан, информираат попладнево од Министерството за правда. На состанокот се зборувало и за силната поддршка на САД за напредокот на нашата држава до полноправно членство во Европската Унија.

  • Евроинтеграциите се клучни за перспективата на Република Северна Македонија и граѓаните и се од геостратешко значење за стабилноста на регионот и Европа. Заеднички е ставот дека интеграцијата на Република Северна Македонија во ЕУ значи просперитет за граѓаните во државата, со импакт и на долгорочен просперитет на целиот Западен Балкан во Европската Унија, се наведува во соопштението.

Оценето било дека кој било друг исход од можноста да се продолжи по европскиот пат, не е од државен и стратешки интерес.

  • Поради тоа, заедничка е согласноста дека претстојната одлука во Собранието треба да биде државничка, во насока на интеграција, а не изолација, истакнуваат од Министерството за правда.
Поврзани објави

Делегација од земјата ќе учествува на регионалната конференција за микрофинансии Microbalkans 2024 во Сараево

Групацијата на небанкарски финансиски друштва при Стопанската Комора на Северна Македонија, заедно со претставници од Министерството за Финансии…
Повеќе
Total
0
Share