Пред да има такво гласање (за измените на Законот за организација и работа на органите на државната управа н.з), неколку дена претходно имавме состанок на коалицијата ’Европски фронт’ во поширок состав на претседатели и други претставници на партиите, на кој бевме информирани дека има покана од владејачката ВМРО-ДПМНЕ или некаков вид на покана преку трети лица. Дискутиравме и едно од прашањата беше како понатаму, односно дали да седнеме да разговараме или да се водиме со тоа што веќе е најавено односно да продолжиме да бараме легитимитет. Се дискутираше и едногласно се стигна до ставот дека треба да се седне со ВМРО-ДПМНЕ и да се отворат сите прашања“, рече актуелниот министер за правда Кренар Лога во интервју за „360 степени“ .
Оваа покана од ВМРО-ДПМНЕ, според Лога – кадар на Алијанса за Албанците на Зијадин Села, била општа, а не само за измените на законот за реорганизација на министерствата.