Лога до Вреди: Ултиматуми поставувајте му на ВМРО, не на АА

Ултиматум поставете му на ВМРО, не на АА, реагира Кренар Лога кон коалицијата Вреди. Вака генералниот секретар на партијата ,Кренар Лога и близок соработни на Зијадин Села возврати на соопштението на опозициската Вреди која му порача на Села дека наместо со истомислениците да оди во коалиција со ДУИ а Арбен Таравари ќе му ги даде партиските печати за да може на изборите да настапи самостојно.

„Коалицијата Европски сојуз за промени има традиција да ги остава на улица партнерите на коалициите кои тие ги основаат (некои како „Можеме“ се самокиднапираат, некои не се одделуваат од Мицкоски, а некои не се одлепуваат од власта), исто како што ги менуваат и имињата на овие коалиции.

Печатите на Алијанса за Албанците не се индивидуална сопственост, уште помалку на оној кој го напушти својот политички дом, а што се однесува до ултиматумите, користете ги со ВМРО, а не со Алијансата за Албанците“, вели Лога наведувајќи го името на коалицијата Европски сојуз за промени, а не името Вреди кое беше дадено по присоединувањето на фракцијата на Арбен Таравари кој стана претседателски кандидат на партиите Алтернатива, Движење Беса, Демократски сојуз и претставници на косовската Самоопределување.

Поврзани објави

Музеј на „Алкалоид“ АД Скопје – Kорпоративната историја и традиција на едно место

„Алкалоид“ го официјализираше отворањето на корпоративниот Музеј во рамките на својот локалитет во „Автокоманда“, кој претставува автентичен времеплов…
Повеќе
Total
0
Share