Лога ја осудува деградирачката реторика на ВМРО ДПМНЕ насочена кон претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска

Министерот за правда Кренар Лога остро ја осудува деградирачката реторика на политичката партија која претендира да управува со оваа држава. Нападот врз независните институции , според Лога е неприфатлив јазик за една земја членка на НАТО и земја која се наоѓа пред пристапување во Европската Унија.

,, Како министер и како министертво сме имале период на дебати и со претседателот и Уставниот суд воопшто, но во ниту еден момент тоа не било причина да се девалвира во јазик на омраза и лични квалификации кои потоа се манифестираат на улица и како закани кон носителите на јавни функции. Сè уште има одлуки на Уставниот суд за кои не делиме исти ставови, но во ниту еден момент истите не смеат да послужат како изговор за оспорување на тие пресуди и деградирачки коментари. Ја повикуваме политичката партија ВМРО-ДПМНЕ да се издигне на висината на задачата што ја чека, и да не се однесува како на изборна кампања. Патот на консолидирање на демократските институции поминува низ почитување од страна на партиите и релевантните институции”,вели Лога.

Поврзани објави

Делегација од земјата ќе учествува на регионалната конференција за микрофинансии Microbalkans 2024 во Сараево

Групацијата на небанкарски финансиски друштва при Стопанската Комора на Северна Македонија, заедно со претставници од Министерството за Финансии…
Повеќе
Total
0
Share