Единствено влезот во ЕУ е гаранција за европски стандард. Тогаш просечната плата ќе изнесува 1.300 евра, а минималната плата 800 евра! – порача претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на денешната промоција на новата „Програма за европска иднина” и кандидатите за пратеници на СДСМ и Коалицијата за европска иднина. Економската програма на СДСМ предвидува повеќе за сите. Предвидува подобар живот за сите, доближување на животниот стандард до европскиот и сето тоа преку издржани и конкретни мерки. Гарантираме дека во наредните четири години просечната плата ќе достигне рекордни 1.100 евра, а минималната плата ќе изнесува 600 евра. Она што сакам да го потенцирам тука е дека единствено влезот во ЕУ е гаранција за европски стандард. Тогаш просечната плата ќе изнесува 1.300 евра, а минималната плата 800 евра! – рече претседателот Ковачевски. За седум години ја преполовивме стапката на невработеност. И не затануваме тука. Нашиот економски план предвидува намалување на стапката на невработеност од 12% на 7% до 2028 година – едноцифрена бројка, за првпат во историјата на независна Македонија. Гарантираме дека ќе успееме Македонија да има полна вработеност и достоинствени плати! – истакна Ковачевски. Нема откажување и од силна домашна економија! Затоа планираме 180 милиони евра директна финансиска поддршка на домашните компании за инвестиции во производство и поттик на економскиот раст со 3,5 милијарди евра јавни капитални инвестиции – рече Ковачевски на денешната промоција на новата „Програма за европска иднина” и кандидатите за пратеници на СДСМ и Коалицијата за европска иднина.
Поврзани објави
Донација на Стопанска банка: Институтот за патологија доби апарат за врвна дигитална дијагностика
Стопанска банка АД – Скопје со посета на Медицинскиот факултет во Скопје ја официјализираше донацијата на врвна технологија…
25.09.24 17:23
Музеј на „Алкалоид“ АД Скопје – Kорпоративната историја и традиција на едно место
„Алкалоид“ го официјализираше отворањето на корпоративниот Музеј во рамките на својот локалитет во „Автокоманда“, кој претставува автентичен времеплов…
25.09.24 17:12
Мицкоски:Не можеме да бараме од граѓаните да ги почитуваат Уставот и законите, а ние да калкулираме
Мицкоски објасни како ќе го почитува Уставот. „Како што можете да ме слушнете јас цело време зборувам Македонија…
19.06.24 17:24