Ковачевски не го видел германското вештачење за модуларната болница, не е ингеренција на владата

Премиерот Димитар Ковачевски денеска порача дека сите документи и сите податоци кои што треба да се достават до надлежните органи во однос на случајот со опожарената модуларна болница во Тетово, се доставени.

„Владата и јас како премиер имаме апсолутно објективен став во однос на кој било случај, поединец и предмет. Правосудните органи се слободни да одлучуваат согласно закон и процедури кои што требало да се спроведат. Немало никакво мешање од никого. Другата документација нарачана од обвинителството како германското вештачење, не е во домен на владата. Го немам ни видено. Тие што го нарачале и што го имаат може да го коментираат“, додаде премиерот.

„Шефот на јавното обвинителство Љубомир Јовески е избран во Собрание и е професионалец како и другите јавни обвинители од браншата. Тој има своја кариера како и сите обвинители. Собранието во кој било момент може да постави прашање до кој било обвинител, а пред сѐ тука мислам на главниот обвинител Јовески. Тој треба да е на располагање за кој било случај, особено за овој. Тоа беше најтрагичниот настан во нашата понова историја. Треба на вистински начин да се одлучи по кој било предмет и вистината да ја знаат сите. Тие самите соопштија дека има отворен предмет по кој се постапува“, додаде Ковачевски.

Поврзани објави

Делегација од земјата ќе учествува на регионалната конференција за микрофинансии Microbalkans 2024 во Сараево

Групацијата на небанкарски финансиски друштва при Стопанската Комора на Северна Македонија, заедно со претставници од Министерството за Финансии…
Повеќе
Total
0
Share