Костадиновска Стојчевска:Во пожарот нема повредени и жртви, предизвикана е само материјалната штета

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска изјави дека „пожарот во Универзална сала е голем шок за скопјани, но и за сите македонски граѓани. Веднаш интервенирале пожарникарите и како што може да се види пожарот е ставен под контрола“.Таа нагласи дека најважно е дека нема жртви и нема повредени.„На терен се и надлежни органи и стручни лица. Очекуваме првични информации во врска со утврдување на причините за пожарот, обемот на штетата и евентуалната одговорност. Бев информирана дека изгорел внатрешниот дел од салата“, истакна министерката.Бисера Костадиновска-Стојчевка посочи дека е „важнода се знае дека надворешната челична конструкција е противпожарно заштитена и дека салата е осигурана“.„Апелирам до институциите за брзо постапување, да се утврдат фактите што е можно поскоро. Она што е сигурно е дека Скопје ќе има нова Универзална сала. Денешниот инцидент нема да нѐ премисли да се откажеме“, потенцираше во изјавата за медиумите министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска.

Поврзани објави

Делегација од земјата ќе учествува на регионалната конференција за микрофинансии Microbalkans 2024 во Сараево

Групацијата на небанкарски финансиски друштва при Стопанската Комора на Северна Македонија, заедно со претставници од Министерството за Финансии…
Повеќе
Total
0
Share