Фудбалскиот сојуз на Косово испрати жалба до УЕФА поради како што велат „политичките, шовинистичките и расистичките пораки против Косово“ во натпреварот кој Србија го играше против Англија.
Во вчерашниот натпревар Србија беше поразена од Англија, а во текот на денот беа забележани и неколку инциденти помеѓу српски и албански навивачи.
„Фудбалскиот сојуз на Косово ја известува јавноста дека официјално реагираше кај УЕФА поради прикажување знамиња, слогани и шовинистички и расистички пораки од српските навивачи. Прикажување на такви пораки на еден голем настан како Европското првенство е неразумно и апсурдно. ФФК испрати жалба со неопходните докази до УЕФА и бара преземање дициплински мерки против Фудбалскиот сојуз на Србија“, стои во соопштението од Косово.