Десет лица се повредени во синоќешниот руски ракетен напад врз Киев, соопшти градоначалникот на главниот град на Украина, Виталиј Кличко.
Тој на апликацијата Телеграм напиша дека е причинета штета на згради, дека во областа Подолск остатоци од ракета паднале врз неколку фирми, а во населбата Шевченко гори стан во станбена зграда.
Воената управа на Киев соопшти дека во областа Свјатошински се искршени стакла на зграда, а како последица на нападот избувнал пожар во градинка во областа Шевченко.
Според првичните информации, се запалиле и автомобили.
„Во областа Подолск, како резултат на паѓање на ракетни остатоци, избувна пожар во трансформаторска станица и во двокатна нестанбена зграда“, информира Кличко.