КЛАН Дебата/Не може да се прават пазарења за преговорите со ЕУ

Професорката Ана Чуповска во вечерашната КЛАН Дебата порача дека не може да се прават политички пазарања за преговарање со Европската Унија.

 ,,Партиите треба да бидат принципиелни. Факт е дека Уставот има низа недоследности кои треба да бидат санирани. Се надевам дека тоа ќе се случи. Приоритет во моментов се дава на партиските договорања наместо на суштинските проблеми. Истото се случува и со Балансерот. Факт е дека тој се злоупотребува.Факт е дека станува и предмет на преговори.Не може да се прават пазари за преговарањата со ЕУ, тоа е недопустливо. Зошто не се формира ад хок комисија за европската агенда.Ние имаме добри закони  но проблемот е во нивната примена”,рече Чуповска.

Професорот Самоил Малчевски смета дека е добро  што се води  дебата  за МЕРИТ системот, но се плаши ако почнеме во наредниот период да зборуваме за неговата правилната примена .

,,Колку ДУИ ќе биде во опозиција ќе зависи од ВРЕДИ. Ако ВРЕДИ планира сериозно да и биде конкуренција на ДУИ ,мислам дека четирите партии треба да згаснат и да продолжат во една организациска структура која ќе биде конкурентна на ДУИ.На Мицкоски тоа ќе му биде помал проблем. Поголем проблем ќе му биде кога ќе ги види резултатите од билатералниот скрининг. Ние мора да го укинеме Балансерот затоа што тој е забелешка на билатералниот скрининг”,вели Малчески.

Според професорот Мерсел Биљали, пристапот кон основните постулати за функционирање на државата не треба да зависат од партиските интереси.Затоа ни е потребна  длабока реформа.

,, Структурата на ВРЕДИ е хетерогена. Мицковски е во завидна и во незавидна позиција. Завидна е , затоа што внатре ,политички може да си игра и со едните и со другите. ВРЕДИ има структура на членството кои со години чекале да се вклучат во системот, да се вработуваат, да добијат нешто.Тие ќе станат нервозни затоа што ќе имаат притисок од активисти. За една година може многу да се случи. Играта е многу провидна. Ние сме далеку од департизација’’,тврди Биљали.

Осврнувајќи се на примената на Преспанскиот договор, професорката Чуповска укажа на фактоот дека сме сведоци на  екскурзии во владеењето на правото.На владејачката структура им порача, ако се толку мангупи нека поведат постапка за поништување на Преспанскиот договор.

Малчевски возврати дека за него е шизофрено да се повикувате за владеење на правото за демократија, а од друга страна да зборувате за нешто што е направено надвор од тоа . Како пример ја посочи Република Грција која сеуште не ги ратификувала трите спогодби со Република Македонија.

Поврзани објави

Делегација од земјата ќе учествува на регионалната конференција за микрофинансии Microbalkans 2024 во Сараево

Групацијата на небанкарски финансиски друштва при Стопанската Комора на Северна Македонија, заедно со претставници од Министерството за Финансии…
Повеќе
Total
0
Share