КЛАН Дебата/ Локалните избори ќе бидат првиот тест за опстанокот на оваа владина коалиција

Универзитетските професори, дебатирајќи во вечерашната КЛАН Дебата со Љубиша Николовски изразија резервираност за новата Влада во однос на очекувањата на резултати во борбата против корупцијата . Професорот Самоил Малчески предупреди дека ВМРО ДПМНЕ,  ВРЕДИ и ЗНАМ  имаат голема одговорност пред гласачкото тело и ќе мора да испорачаат резултати. 

,, Дали на ДУИ и се оди во опозиција, не и се оди. ДУИ ќе го чека моментот да настане разногласие во ВРЕДИ помеѓу четворицата лидери за да може да ускокне во Влада и да се јави како спасител на таа Влада. Мислам дека за тоа ќе треба да почекаат до локалните избори.Првиот владин тест за ова коалиција ќе бидат локалните избори. После изборите ВМРО ДПМНЕ малку ја има ублажено реториката.Тие во овој момент има голема одговорност.Поентата на програмата ,, Македонија твоја” е како да направиме рестарт на државата. Ако ВМРО ДПМНЕ во рок од 6 месеци не испорача резултати тогаш ќе имаат голем проблем на локалните избори.Ние ќе се доведеме во ситуација да бидеме во сита ситуација како она што му се случува на источниот сосед, да има избори постојано и да не може да формираат Влада. Ова се последни избори на кои граѓаните реално даваат поддршка”,рече Малчески.

Професорката од Правен факултет, Ана Чуповска тврди дека за кратко време ќе се дознае што стои позади договорот на ВМРО ДПМНЕ со ДУИ за поддршка за Законот со кој се реорганизираа министерствата и ад хок комисијата за правична застапеност.

 ,,Вчудоневидувачки е како една предизборна реторика која што ги таргетираше ДУИ како криминалци, корумпирани, тој екстремен вординг не коинденцира со сегашната состојба. Но, оваа соработка ние би требало да ја толкуваме во контекс на тоа какви концесии се во прашање во однос на тој договор.

ДУИ можеле да бидат покреативни. Имаме Комитет за односи меѓу заедниците, негова цел е  да спречи мајоризација, тој е уставна категорија , тоа е уникат. Принципиелно ,ако станува збор за Балансерот тоа може законски да се регулира. Не сум убедена дека тоа ќе се реши со таа комисија. Подобро е да се зајакне улогата на Комитетот за односи меѓу заедници отколку да формираме вакви комисии.Исто така, не верувам и дека нешто посебно ќе се потресат и во ВРЕДИ затоа што и кај нив  исчезнаа условите и барањата за уставните измени.Според првичните импулси, јас немам причина да верувам дека некој ќе се справи со корупцијата”,потенцира Чуповска.

И универзитетскиот професор Мерсел Биљали очекува голема неизвесност на политички план во периодот кој следи.

 ,,Не е баш сигурно кој ќе биде власт. Сите главни три политчки структури ќе имаат тешка хипотека.ВМРО има тешка хипотека затоа што огромниот број гласови кои ги добија не се поради некои реалзирани проекти, туку беа таргетирани против ДУИ. Нападот на ВМРО ДПМНЕ беше генерализиран кон Албанците и јас сум длабоко навреден. Ако сакате да направите развиена држава треба да понудите проекти за економски развој а не да се занимавате со национализам. Од друга страна пак, ВРЕДИ  е структура која е опседната со страв  затоа што мандатарот провоцира на двете страни, не смеат многу да бараат затоа што другите ќе чекааат пред вратата. Не гледам дека ќе имаме мирни води, туку ќе има голема неизвесност.Најненормалните држави станаа сериозни држави а ние сме осудени да сме последни, нема светло на крајот на тунелот. Хронична болест е немањето визија за економски развоj”, предупреди Мерсел Биљали во вечерашната КЛАН Дебата.

Поврзани објави

Делегација од земјата ќе учествува на регионалната конференција за микрофинансии Microbalkans 2024 во Сараево

Групацијата на небанкарски финансиски друштва при Стопанската Комора на Северна Македонија, заедно со претставници од Министерството за Финансии…
Повеќе
Total
0
Share