КЛАН Дебата/Битиќи:Добивав закани дека заедно со детето ќе бидеме  убиени

Фатмир Битиќи во вечерашната емисија КЛАН дебата ,ЕКСКЛУЗИВНО соопшти дека за време на изборната кампања добивал закани по живот, за што е поднесена и пријава во МВР. Дискутирајќи за реториката во изборната кампања тој му се обрати на Бојан Стојановски од ВМРО ДПМНЕ:

,, Прашај го министерот за внатрешни работи,кој има пријава за загрозување на животот после вашата кампања? Еден вицепремиер што седи покрај вас,  два дена по ред кога во вашата кампања ги вративте  слоганите во деведесетите години во која што моето дете и јас бевме повикани дека треба да бидеме убиени?Ете тоа се случи заради вас и вашата кампања,’’рече Битиќи.

На ова тврдење  Бојан Стојановски од ВМРО ДПМНЕ одговори:

,, Не знам, не сум слушнал.Да не се случило заради нешто друго, можеби заради некои незавршени обврски кон една компанија од Битола?”, праша Стојановски на што Битиќи категорично одговори со ,,Не”.

Поврзани објави

Делегација од земјата ќе учествува на регионалната конференција за микрофинансии Microbalkans 2024 во Сараево

Групацијата на небанкарски финансиски друштва при Стопанската Комора на Северна Македонија, заедно со претставници од Министерството за Финансии…
Повеќе
Total
0
Share