Уставните измени ќе се случат за кратко време затоа што ВМРО ДПМНЕ ќе има двотретинско мнозинство, констатираше аналитичарот Ибрахим Мехмети во вечерашната КЛАН Дебата.
,,Има многу работи кои треба да се сменат во Уставот.Првиот предуслов за ние да изградиме систем кој ќе не направи квалификувани за да бидеме членка на ЕУ е да изградиме прво нормални однсои меѓу нас.Ако сакаме Македонија да биде европска земја, треба да ги направиме сите граѓани да не се чувствуваат загрозени.Прво, треба да се изгради доверба, цивилизиран дијалог. Има една промена која ни ја затвора вратата за ЕУ ако не се реши. Сега е многу полесно да се направи двотретинско мнозинство за да влеземе во тој круг, циклус на уставни измени”,рече Мехмети.
Пратеникот Амар Мацановиќ е убеден дека Бугарите ќе влезат во Уставот.
,, ВМРО ДПМНЕ ќе ги донесе уставните измени и ќе ги внесе Бугарите во Уставот. Решението е нов Устав. Ние како левица, не го поддржуваме внесувањето на Бугарите затоа што сметаме дека треба да има реципроцитет за македонците во Бугарија.Прво, треба да го испочитуваме ставот на граѓаните кои не се согласија со Францускиот предлог и да пристапиме кон промена на методологијата на преговарање која не е само за Бугарија туку предвидува можност земји членки на ЕУ да ни вложуваат вето на затворени поглавја”,потенцира Мацановиќ.
Според поранешниот амбасадор и приврзаник на ВМРО ДПМНЕ, Ивица Боцевски , претседателските избори ги покажале сите недостатоци на Уставот затоа што во ниту една држава во Европа нема цензус од 40% за избор на претседател.
,, Самиот факт што земјава оди кон ЕУ подразбира промени во нашиот Устав во кој што правата, должностите и обврските на граѓаните од нашата држава ќе мора да се изедначат со оние на граѓаните на ЕУ. Во делот на човековите права, во делот на функционирање на судството и обвинителството. Тоа мора низ отворен дијалог да си го најде своето место во една нова уставна расправа. Во секој случај, ќе ја најде пред влезот на Македонија во ЕУ. Би било убаво таа работа побрзо да се случи’’,вели Боцевски.
Во однос на Преспанскиот договор , Боцевски уверува дека живееме во 2024 година и кога се правеле математики и проценки во надворешната политика тоа не требало да биде на штета на граѓаните.
,,Македонија тоа прашање ќе го држи отворено, преку културата( нема да ја употребуваме Севрена) и преку правото. Јас сум сигурен дека ќе се отвори нов дипломатски процес и дека овој предлог што е сега не може да помине”, порача Боцевски во вечерашната КЛАН Дебата.