Касами со одговор до лидерот на ДУИ: Ахмети е тој што ќе биде нокаутиран од албанските гласачи на 8 мај

Али Ахмети е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува и со заканувачки и навредливи зборови го плаши албанскиот народ, изјави Билал Касами, претседател на Движењето БЕСА, на прашањето за изјавата на Али Ахмети дека треба да го фрли белиот пешкир на рингот, затоа што на 8-ми мај ќе доживеел нокаут.

„Али Ахмети е фатен од синдромот на Мендух Тачи кој само се заканува и со заканувачки и навредливи зборови го плаши албанскиот народ, но на 8 мај ќе го добие одговорот и конечно ќе добие технички нокаут од албанските гласачи кои ги осиромашува и раселува 20 години“, рече Касами.Ваквите коментари ги даде првиот човек на Движењето БЕСА и носител на листата во шестата изборна зона на коалицијата ВЛЕН, Билал Касами во интервју за Еуроњуз Албанија.

Поврзани објави

Музеј на „Алкалоид“ АД Скопје – Kорпоративната историја и традиција на едно место

„Алкалоид“ го официјализираше отворањето на корпоративниот Музеј во рамките на својот локалитет во „Автокоманда“, кој претставува автентичен времеплов…
Повеќе
Total
0
Share