Касами, Гаши и Меџити побараа утре Собранието да расправа и за внесување на албанскиот јазик во Уставот

Претседателите на Алтернатива, Движењето Беса, и Демократското движење, Африм Гаши, Билал Касами и Изет Меџити побараа утре заедно со уставните измени за внесување на Бугарите во Преамбулата да се стави на дневен ред и уставен амандман за замена на одредбата „друг јазик што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните“ со „албански јазик“.

„Ги повикуваме сите пратеници, без разлика на нивната политичка, етничка и идеолошка припадност, итно, без дискусија и без никакво одлагање, да гласаат за потребата од промена на Уставот и предложените амандмани. На овој начин, сите ние докажуваме на која страна сме и која е нашата стратешка определба“, рече претседателот на Алтернатива, Африм Гаши, на заедничката прес-конференција пред Собранието.

Тројцата лидери на опозициски партии, исто така, побараа ако во кус рок не се обезбеди потребното двотретинско мнозинство за гласање на првата фаза од уставните измени, да се гласа за распуштање на парламентот.

„Ако ова се покаже како точно, не треба да губиме ни час повеќе. Во тој случај, односно доколку нема доволно мнозинство да се гласа првата фаза од уставните измени, повикуваме да се гласа за распуштање на Парламентот и распишување на предвремените избори, за да се бара друг парламентарен состав кој ќе има капацитет и политичка волја за протуркање на интегративните процеси кон Европската Унија“, додаде Гаши.

Премиерот Димитар Ковачевски, одговарајќи на новинарско прашање за време на денешната посета на компанијата „Дата Мастерс” во Скопје, за барањата на овие три партии, рече дека секој пратеник има право да предложи сè, но дека треба да се има на ум зошто одреден стратешки процес се прави.

Утре, со почеток во 11 часот, е закажана собраниска седница со една точка на дневниот ред – Предлог за пристапување кон измена на Уставот на Република Северна Македонија, во врска предложените уставни измени за внесување во Преамбулата на Бугарите, Хрватите, Црногорците, Словенците, Евреите и Египќаните.

Поврзани објави

Делегација од земјата ќе учествува на регионалната конференција за микрофинансии Microbalkans 2024 во Сараево

Групацијата на небанкарски финансиски друштва при Стопанската Комора на Северна Македонија, заедно со претставници од Министерството за Финансии…
Повеќе
Total
0
Share