Во израелските воздушни напади во близина на североисточниот либански град Баалбек, доцна синоќа беа ранети најмалку шест лица, изјави претставник на Хезболах. Кон крајот на февруари, во слични напади и на слична локација загинаа двајца членови на шиитската либанска паравоена организација. Државната Национална новинска агенција соопшти дека еден од нападите погодил зграда во селото Ансар јужно од Баалбек.
Израелската војска и борците на Хезболах разменуваат оган меѓу себе од почетокот на војната меѓу Израел-Хамас на 7 октомври. Повеќе од 220 борци на Хезболах и речиси 40 цивили беа убиени на либанска страна, додека во Израел, девет војници и 10 цивили загинаа во ракетни напади на Хезболах. Десетици илјади луѓе се раселени од двете страни на границата.