Изборната кампања завршува вечерва, на полноќ. Од вечерва е забрането политичко рекламирање за двојните избори- вториот круг од претседателските и изборите за пратеници кои ќе се одржат на 8 мај.Денеска ќе се одржи и последниот ТВ дуел на двајцата претседателски кандидати Гордана Сиљановска Давкова и Стево Пендаровски, како и последните митинзи на политичките партии кои се во трка за пратенички места во Собранието. Молкот ќе трае до затворање на избирачките места на 8 мај во 19 часот.Гласањето на седмите претседателски избори и единаесеттите парламентарни избори треба да се спроведе на 3.480 избирачки места во државата.Во привиот круг од претседателските избори Гордана Сиљановска Давкова поддржана од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ освои 363. 085 гласови, додека нејзиниот противник Стево Пендаровски, освои 180.499 гласа.
Поврзани објави
Донација на Стопанска банка: Институтот за патологија доби апарат за врвна дигитална дијагностика
Стопанска банка АД – Скопје со посета на Медицинскиот факултет во Скопје ја официјализираше донацијата на врвна технологија…
25.09.24 17:23
Музеј на „Алкалоид“ АД Скопје – Kорпоративната историја и традиција на едно место
„Алкалоид“ го официјализираше отворањето на корпоративниот Музеј во рамките на својот локалитет во „Автокоманда“, кој претставува автентичен времеплов…
25.09.24 17:12
Мицкоски:Не можеме да бараме од граѓаните да ги почитуваат Уставот и законите, а ние да калкулираме
Мицкоски објасни како ќе го почитува Уставот. „Како што можете да ме слушнете јас цело време зборувам Македонија…
19.06.24 17:24