Исчезнатата Данка е видена со две Романки во Виена – нови детали за исчезнатото двегодишно девојче во Србија

Двегодишната Данка Илиќ, која е пријавена за исчезната во вторникот, е видена во придружба на две Романки во Виена, објави Телеграф.рс. Според порталот, српската полиција ноќеска ја контактирала австриската и во Европол ги проследила сите податоци и снимка. Телеграф пренесува дека интензивно се работи на идентификација и лоцирање на девојчето.

Потрагата по Данка Илиќ трае веќе шест дена. Двегодишното девојче исчезна од дворот на куќата во Бањско поле во Бор. Последен пат е видена во вторникот, околу 13:45 часот. Во моментот на исчезнување на себе носела виолетови панталони и маслинесто зелена јакна.Поради неа, за првпат во Србија беше активиран системот „Пронајди ме“.

Поврзани објави

Делегација од земјата ќе учествува на регионалната конференција за микрофинансии Microbalkans 2024 во Сараево

Групацијата на небанкарски финансиски друштва при Стопанската Комора на Северна Македонија, заедно со претставници од Министерството за Финансии…
Повеќе
Total
0
Share