Интер Мајами забележа уште една победа, овој пат во рамките од американско-мексиканскиот Лига Куп.
На средбата против Оранлдо, тимот од Флорида славеше со сигурни 3-1, а одново главна улога на теренот имаше Лионел Меси. Аргентинскиот виртуоз постигна два нови гола во дресот на Интер Мајами.
Сè започна и заврши со одличниот Аргентинец кој во седмата минута го постигна првиот гол на натпреварот, откако ја прими топката со гради и со волеј ја упати во противничката мрежа. Во 72. минута од непосредна близина погоди за конечни 3-1.
Меси во досегашните три настапи за Интер Мајами постигна пет гола, а неговиот тим во осминафиналето ќе игра против Далас.