Грчките студенти се судрија со полицијата во центарот на Атина, која одговори со солзавец, поради контроверзниот закон што ќе им дозволи на странските приватни универзитети да отвораат филијали во земјата. Студентите со недели мирно протестираат против реформата, за која велат дека ќе ги обезвредни дипломите од државните универзитети, но гневот се засили токму кога премиерот Киријакос Мицотакис ги повика пратениците да гласаат за законот.
,,Се плашиме дека ако успееме да дипломираме, никогаш никаде нема да можеме да најдеме работа“, вели Стратос Кацелис.
Мицотакис, кој го освои вториот мандат во јуни минатата година, рече дека законот ќе помогне да се смени егзодусот на десетици илјади грчки студенти на универзитетите во странство, што претставува кочница за економијата што сè уште се опоравува од децениската финансиска криза.
Нацрт-законот, исто така, ќе помогне да се усогласи Грција со остатокот од Европската унија и да се зајакне конкуренцијата во високото образование, рече тој.
„Парламентот не само што е повикан да гласа за клучниот закон, туку и да одобри радикална и храбра реформа во образованието за раст и социјална правда“, рече Мицотакис.
Поврзани објави
Стејт департментот бара Србија да ги изведе сторителите од Бањска пред лицето на правдата
На годишнината од вооружениот напад на косовската полиција во Бањска, американскиот Стејт департмент ја повика Србија да ги…
25.09.24 17:25
Двајца загинати и неколкумина повредени во експлозија на бомба во Цетиње
Две лица загинаа, а неколкумина се повредени утрово во Цетиње, откако недалеку од тамошниот Спортски центар била активирана…
20.06.24 09:24
Грчки медиуми: Мицкоски ќе положи заклетва со уставното име
Изјавите на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и мандатар за состав на новата влада Христијан Мицкоски поврзани со името, поднесениот…
19.06.24 13:13