Гутереш и Макрон го осудија нападот во Москва

Генералниот секретар на Обединетите нации,  Антонио Гутереш, најостро го осуди нападот врз концертната сала во близина на Москва, изјави неговиот портпарол ноќта кон саботата,  додека францускиот претседател Емануел Макрон го осуди „тероризмот во сите негови форми“ по нападот.

„Генералниот секретар на ОН изразува длабоко сочувство до семејствата и луѓето на ужалените и до владата на Руската Федерација. На повредените им посакува брзо закрепнување“, се вели во соопштението на заменик портпаролот Фархан Хак.

Францускиот претседател Макрон, осудувајќи го нападот, исто така, изрази солидарност со жртвите од пукањето во Москва и со рускиот народ.

Макрон изјави и дека „одлучно го осудува овој терористички напад, за кој одговорноста ја презеде Исламската држава“.

Поврзани објави
Total
0
Share