Според Артан Груби ,на ДУИ и се потребни силни листи за овие избори, за да се спречи опасноста што и се заканува на државата со доаѓањето на ВМРО- ДПМНЕ на власт.
„ДУИ има исклучителни институционални и административни кадровски капацитети, од причина што создаде кадровски потенцијал овие 22 години. Сега имаме премиер- Албанец, претседател на парламент и министри, имаме толку многу капацитети.
Јас, пред една година кажав дека не сакам да се кандидирам за пратеник затоа што реков дека сакам да ја проширам понудата што ДУИ им ја нуди на граѓаните, додека јас ќе работам како член на Централниот штаб, како да сум се кандидирал самиот, и ова го правам секој ден. Затоа листите се такви кои ги спојуваат и искуството, младоста и институционалната култура што во меѓувреме ја негувавме. Потребни ни се силни листи затоа што се соочуваме со многу голем ризик да влеземе во овој 20-годишен круг што го имавме со прашањето за името, со конзервативната политика на ВМРО, тотално отфрлање на односите со Грција, и така 15 години тапкавме во место. Истото, сега ни се заканува со доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ, и со пет албански партии со по еден и пол пратеник во нивните редови. Она што беше постигнато за 20 години за нашиот живот, животот на нашите сограѓани и нашите деца, ќе биде избришано од календарот, затоа што нема да постои, поради Бугарија ќе стоиме на место “, рече Груби.