Груби: Измените на КЗ нема многу да влијаат на обвиненијата од СЈО, а Груевски не може ни да сонува да се врати во државата

Артан Груби – првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи со заедниците ги демантираше обвинувањата дека измените на Кривичниот законик се направени за политички пазарења за да се обезбедат гласови за уставните измени.

Според него, овие измени нема многу да влијаат на обвиненијата покренати од поранешното Специјално јавно обвинителство.

    „Ако се анализираат овие два члена и Кривичниот законик во целина, во сите обвиненија на СЈО, интервенциите се минорни, особено во случаите на поранешниот премиер Никола Груевски, кој самиот објави пред неколку дена дека има мало влијание врз неговите случаи“ – изјави Груби во емисијата „Клан дебата“.

    На прашањето дали Груевски има корист од измените на Кривичниот законик, Груби рече дека изменетиот член 353 од Кривичниот законик бил само дел од обвинението против него.

    Вицепремиерот нагласи дека е невозможно Груевски да се врати слободен во Северна Македонија бидејќи влијанието на изменетите членови од Кривичниот законик на обвиненијата на Груевски е многу мало.

    „Никола Груевски со овие измени во Кривичниот законик не може ни да сонува да се врати во Северна Македонија“ – рече накратко Груби.

    Во однос на уставните измени, тој повтори дека во истиот момент кога ВМРО-ДПМНЕ ќе го притисне зеленото копче министрите на ДУИ ќе поднесат оставки.

    „Од прв до последен, во секунда ќе дадат оставки и ние ќе се повлечеме во моментот кога ВМРО ќе притисне зелено копче за уставни измени. И можеме веднаш да одиме на предвремени парламентарни избори или да ги оставиме да владеат 6, 7, 8 месеци, колку сакаат, до следните избори да докажат дека ја имаат власта и да ги избркаат Албанците од Владата. Се виде дека тоа е проблемот“ вели Груби.

    Поврзани објави

    Делегација од земјата ќе учествува на регионалната конференција за микрофинансии Microbalkans 2024 во Сараево

    Групацијата на небанкарски финансиски друштва при Стопанската Комора на Северна Македонија, заедно со претставници од Министерството за Финансии…
    Повеќе
    Total
    0
    Share