Грчки медиуми: Мицкоски ќе положи заклетва со уставното име

Изјавите на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и мандатар за состав на новата влада Христијан Мицкоски поврзани со името, поднесениот предлог за новиот владин состав, како и гласањето во Собранието во текот на викендот, се во фокусот на онлајн изданијата на грчките медиуми, кои во главно, ги пренесуваат текстовите од државната агенција АНА-МПА, јави дописничката на МИА од Атина.

Во текстот под наслов „Северна Македонија – Христијан Мицкоски: На заклетвата на Владата ќе го користам уставното име на земјата“, АНА-МПА пишува за вчерашното интервју на мандатарот за „Сител“ во кое „рече дека на инаугурацијата на неговата влада, за време на викендот ќе го користи уставното име на државата“.

„Истото име ќе го користи и во контактите во странство со странските лидери, како што рече. Но, во внатрешноста на земјата, како во јавните настапи, така и во изјавите ќе го користи името „Македонија“, бидејќи, како што самиот рече, името на неговата земја и татковина е „Македонија“, пишува грчката државна агенција.

Медиумите во Грција, како што е пракса во изминатиот период, акцентот го ставаат на (не)употребата на уставното име, па така, овој пат текстовите во онлајн изданијата се под насловите: „Северна Македонија: Христијан Мицкоски инсистира на терминот „Македонија“ – за викендот нова Влада“; „Само во контактите со странските лидери, Мицкоски ќе го користи Северна Македонија“; „Мицкоски: Усно „Македонија“, писмено Северна Македонија“; „Мицкоски: Во странство ќе го користам уставното име, дома само „Македонија“; „Скопје: Мицкоски ја продолжува играта околу името на земјата“.

Поврзани објави
Total
0
Share