Поради силниот ветер двата хеликоптери кои го гаснеа пожарот над Селце на Шар Планина се повлечени, а со ситуацијата останале да се справуваат само ренџерите и неколку пожарникари од Тетово. Но, како што вели директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, линијата на пожарот е многу долга и се движи во насока на Селце.Директорот на ЦУК вели дека пожарот е несвојсвен за овој период годината затоа што дрвјата се разеленети, но дека на почвата има многу сув материјал од лисја и зимзелени иглички.Според него, селото Селце ноќеска нема да биде загрозено заштпо во текот на ноќта интнезитетот на огнот ќе се намали, а особено во раните утрински часови поради росата.„Но во текот на денот поради високите температури, огнот ќе се разгови. Се надевам ако временските услови тоа го дозволуваат, да продолжиме да гасиме со хеликоптери“, рече Ангелов нагласувајќи дека се работи за тежок облик на планински пожар.Инаку, бидејќи нема пилоти, нема можност пожарот да се гаси со ер-тракторите.
Поврзани објави
Донација на Стопанска банка: Институтот за патологија доби апарат за врвна дигитална дијагностика
Стопанска банка АД – Скопје со посета на Медицинскиот факултет во Скопје ја официјализираше донацијата на врвна технологија…
25.09.24 17:23
Музеј на „Алкалоид“ АД Скопје – Kорпоративната историја и традиција на едно место
„Алкалоид“ го официјализираше отворањето на корпоративниот Музеј во рамките на својот локалитет во „Автокоманда“, кој претставува автентичен времеплов…
25.09.24 17:12
Мицкоски:Не можеме да бараме од граѓаните да ги почитуваат Уставот и законите, а ние да калкулираме
Мицкоски објасни како ќе го почитува Уставот. „Како што можете да ме слушнете јас цело време зборувам Македонија…
19.06.24 17:24