Постигнувањето на родовата еднаквост и благосостојбата на жените во сите аспекти на животот е поважно од кога било доколку сакаме да создадеме просперитетни економии и здрава планета.
Сепак, се соочуваме со клучен предизвик: алармантниот годишен дефицит од 360 милијарди долари во мерките за родова еднаквост до 2030 година. Ова се петте клучни области за кои е потребна заедничка акција:
• Инвестирање во жените – прашање на човековите права: Родовата еднаквост е најголемиот предизвик за човековите права а придобивките се за сите.
• Да се стави крај на сиромаштијата: поради пандемијата со ковид и конфликтите, уште 75 милиони луѓе западнаа во тешка сиромаштија од 2020 година. Непосредна акција е од клучно значење за да се спречи над 342 милиони жени и девојчиња да живеат во сиромаштија до 2030 година.
• Спроведување на родово одговорно финансирање: конфликтите и зголемените цени може да доведат до тоа 75% од земјите да ги намалат јавните трошоци до 2025 година, што негативно ќе влијае на жените и нивните основни услуги.
• Преминување кон зелена економија и грижливо општество: сегашниот економски систем несразмерно ги погодува жените. Застапниците предлагаат преминување кон зелена економија и грижливо општество за да се засили гласот на жените.
• Поддршка на феминистичките креатори на промени: и покрај водечките напори, феминистичките организации добиваат само 0,13% од официјалната развојна помош.
Ако продолжат сегашните трендови, повеќе од 340 милиони жени и девојчиња или 8 проценти од женската популација во светот ќе живеат во екстремна сиромаштија до 2030 година.
Родовиот јаз во моќта и лидерските улоги, исто така, опстојува, и ако напредокот продолжи со сегашното темпо, ќе бидат потребни уште 286 години за да се постигне родова еднаквост во јавниот живот.
Според најновото истражување, 78% од земјите имаат буџети креирани за спроведување на законодавството кое се однесува на насилството врз жените.
Податоците во Македонија го покажуваат следното:
Во 2022 година се бележи пораст од 61% на пријавите за семејно насилство во споредба со 2018година.
Од жртвите на семејно насилство приближно 80% се жени. 92% од сторителите на семејно насилство се мажи. Сторителите биле казнети во само 15% од случаите a само во 3% од случаите е изречена казна затвор.
Стапката на вработеност на жените во Северна Македонија во 2021 година изнесуваше 38.3 %, односно 55.1 % од жените се економски неактивни.
Разликите во стапките на учество на жените и мажите на пазарот на труд доведуваат до родов јаз во стапката на вработеност кој во 2021 година изнесува 20.3 %
Дополнително, 59% од неактивните жени на возраст од 20-64 години се неактивни на пазарот на труд поради извршување на обврски наспроти 2.3 % од мажите.
Во 2021 година, 40.2% од избраните пратеници беа жени, додека на крајот на 2022 година процентот на жени во Собранието на Република Северна Македонија достигна 42.5%.
Жените се исто така речиси четири пати помалку застапени од мажите на позиции на донесување одлуки во компаниите во земјава, состојба која не забележува подобрување, туку влошување.
Поврзани објави
Делегација од земјата ќе учествува на регионалната конференција за микрофинансии Microbalkans 2024 во Сараево
Групацијата на небанкарски финансиски друштва при Стопанската Комора на Северна Македонија, заедно со претставници од Министерството за Финансии…
30.10.24 15:11
„Алкалоид“ повторно дел од најреномираниот глобален фармацевтски собир CPHI
CPhI 35 години по ред обединува фармацевтски експерти, иноватори и пионери од индустријата. Оваа глобална мрежа нуди можности…
11.10.24 10:29
Одбележана 80-годишнината на Стопанска банка – темелот на домашната економија
Банката со најдолга традиција во земјава, Стопанска банка АД – Скопје, го прослави 80-годишниот јубилеј со уникатен гала…
03.10.24 15:26