Гласањето ќе продолжи на места во Демир Хисар, во Липково, во Делчево и во Могила поради прекини повеќе од еден час

Гласањето по 19 часот ќе продолжи на четири изборни места на кои имаше прекин повеќе од еден час во текот на денот, соопшти Александар Даштевски, претседател на Државната изборна комисија (ДИК), на последната прес-конференција за излезеноста во првиот круг на денешните претседателски избори.

„Тоа се однесува за едно место во Демир Хисар, едно место во Липково, едно место во Делчево и едно место во Могила“, информира Даштевски.

Тој претходно соопшти дека излезноста во првиот круг на денешните претседателски избори до 18.30 часот, според податоци од 3.174 избирачки места со запишани 1.653.023 гласачи, изнесува 48,46 отсто.

Поврзани објави

Музеј на „Алкалоид“ АД Скопје – Kорпоративната историја и традиција на едно место

„Алкалоид“ го официјализираше отворањето на корпоративниот Музеј во рамките на својот локалитет во „Автокоманда“, кој претставува автентичен времеплов…
Повеќе
Total
0
Share