Германскиот канцелар паднал додека џогирал, завршил со модринки по лицето

Германскиот канцелар Олаф Шолц паднал додека џогирал и завршил со модринки на лицето, поради што ги откажал состаноците планирани за овој викенд, соопшти германската влада.

Според известувањето, 65-годишниот Шолц имал „помала спортска несреќа“ и ги откажал состаноците закажани за денеска во регионот Хесен, каде што се одржуваат локални избори на 10 октомври.

На веб-страницата на неговата партија, Шолц напиша дека го мразел спортот кога бил на училиште, но дека го засакал под влијание на неговата сопруга Брита Ернст.

„Денес џогирам онолку често колку што можам“, вели тој и додава дека се обидува да најде време да трча, да весла или да прошета два или три пати неделно, а ужива и во возењето велосипед.

Шолц е германски канцелар од декември 2021 година, а претходно беше министер за финансии и градоначалник на Хамбург.

Поврзани објави
Total
0
Share