Филипче: Претседателите на општинските организации ќе се бираат на непосредни внатрепартиски избори

Кандидатот за претседател на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија проф. д-р Венко Филипче, вчера од Охрид и Струга ја започна кампањата за внатрепартиските избори. Филипче пред членовите на партијата ја претстави програмата за претседател преку која ветува дека СДСМ ќе биде ефикасна и функционална партиска организација која работи во интерес на членовите и граѓаните.

Тој ја презентираше првата поголема реформа, во делот на демократизацијата на изборот на претседатели на општински организации. Во програмата е предвидено тие да се бираат на внатрепартиски избори на ист начин како и претседателот на партијата. Тој вели дека само така ќе бидат избрани оние кои имаат најголема поддршка од членовите на СДСМ. Оваа реформа ќе доведе до поефикасно лидерство, подобра застапеност на гласовите на членовите на партијата и следствено посилен и пообединет СДСМ.

„Јас не верувам во наметнати решенија туку инклузивни политики на менаџирање. Довербата во членството и граѓаните ќе ја вратиме со достапност, отвореност, одговорно однесување на сите партиски членови, особено на високите партиски и политички функционери“, рече Филипче.

Програмата на кандидатот за претседател Венко Филипче, предвидува новини кои партијата ќе ја направат подемокртска и потранспарентна, како за членството, така и за јавноста, со што ќе се врати довербата во партијата.

„Со воведување внатрешни избори за позициите на претседатели на општински организации, ќе ја зголемиме довербата меѓу членовите и граѓаните, ќе ги избереме најдобрите кадри со најголема поддршка, ќе обезбедиме и ќе ја вратиме довербата на јавноста во нашата партија. Новото раководство на партијата ќе дефинира јасни насоки и правила за внатрешниот изборен процес, обезбедувајќи транспарентност и правичност“, пишува во Програмата на Филипче.

Поврзани објави

Музеј на „Алкалоид“ АД Скопје – Kорпоративната историја и традиција на едно место

„Алкалоид“ го официјализираше отворањето на корпоративниот Музеј во рамките на својот локалитет во „Автокоманда“, кој претставува автентичен времеплов…
Повеќе
Total
0
Share