Фан на Арсенал го нападна Рој Кин на „Емирати“

Легендата на Манчестер Јунајтед, Рој Кин, беше нападнат од навивач на Арсенал за време на натпреварот меѓу двата тима вчера на „Емирати“, кој на крајот го добија лондончани со 3:1. Непријатната ситуација се случи на крајот од мечот додека Кин одеше надолу кон патеката каде што требаше да седне на своето аналитичарско место.

На Твитер се појавија снимки на кои се гледа како колегата на Кин, Мика Ричардс, го држи навивачот до ѕид за да го смири, но „Дејли Мејл“ тврди дека на крајот си заминал пред да дојде обезбедувањето.

Ситуацијата ја потврди „Скај Спортс“ преку официјално соопштение, кое беше дистрибуирано до медиумите.

„Бевме запознаени дека полицијата истражува наводен напад непосредно пред снимката која кружи на социјалните мрежи на која се гледа како Мика Ричардс дејствува за да ја смири ситуацијата“, се вели во соопштението на медиумот.

Поврзани објави
Total
0
Share