Европските и азиските берзи под притисок од тензиите на Блискиот исток

TOPSHOT – An Israeli flag flies on the Mount of Olives overlooking the Al Aqsa mosque compound and the city skyline in Jerusalem on April 19, 2024. US media quoted officials saying Israel had carried out retaliatory strikes on its arch-rival Iran, while Iran’s state media reported explosions in the central province of Isfahan on April 19. (Photo by Ahmad GHARABLI / AFP)

Берзите во Европа и Азија бележат пад во претпладневното тргување во петокот, бидејќи инвеститорите стравуваат од ескалација на конфликтот на Блискиот исток, откако Израел истрела неколку проектили кон Иран.

Индексот STOXX 600 на водечките европски акции беше во минус од 0,6 отсто во првиот дневени пресек од тргувањето. Истовремено, лондонскиот FTSE индекс ослабе за 0,45 отсто, на 7.840 поени, додека франкфуртски DAX се лизна за 1,03 отсто, на 17.655 поени, а париски CAC 0,69 отсто, на 7.968 поени.

Цените на акциите паднаа и на азиските берзи. Индексот MSCI на азиско-пацифичките акции, без јапонските, беше во минус за околу 1,5 отсто во истиот период од тргувањето како и во Европа. Истовремено, на токиската берза индексот Nikkei потона за 2,7 отсто, додека цените на акциите во Шангај, Австралија, Хонгконг и Јужна Кореја паднаа меѓу 0,3 и 1,6 отсто.

Рано утрото овие индекси беа уште подлабоко во минус, веднаш по веста дека израелски проектили го погодиле иранскиот град Исфахан во четвртокот доцна навечер. Иранската новинска агенција Fars објави дека во близина на аеродромот на воената база можеле да се слушнат експлозии и дека е активиран систем за противвоздушна одбрана.

Иако сѐ уште ништо не е официјално потврдено, светските агенции пишуваат дека станува збор за израелска одмазда на неодамнешниот ирански одмазнички напад врз Израел и дека овој одговор е од ограничен карактер. Сепак, инвеститорите стравуваат од ескалација на конфликтот.

„Гледаме масовно повлекување од поризични инвестиции. Пазарите стравуваат дека ова е почеток на синџир на одмазднички удари, кои би можеле да предизвикаат голема нестабилност на Блискиот исток“, вели Кун Гох, аналитичар во австралиската банка ANZ.

Поврзани објави
Total
0
Share