Европскиот фронт се проширува и со Бошњачката Демократска Унија

Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети и претседателот на Бошњачкиот Демократски Сојуз, Мунир Колашинац денеска се договорија кон победничкиот Европски фронт да се приклучи и бошњачката заедница.Колашинац ќе биде дел од изборната листа на Европскиот фронт за пратеници во 1-та изборна единица.

Пред неколку дена, Европскиот фронт инициран од Демократската унија за интеграција и претседателот Али Ахмети потпишаа договор за коалиција со Албанската демократска партија на Мендух Тачи, Алијансата за Албанците на Зиадин Села, Народното движење на Скендер Реџепи Зејд, Европската демократска партија на Арјанит Хоџа, Турската демократска партија на Бејџан Иљас, Сојузот на Ромите на Фатима Османовска, Движењето на македонските Турци за правда и демократија претставено од Сулејман Баки.

Европскиот фронт едногласно ја поддржува заедничката кандидатура за претседател на Бујар Османи.Вчера, шефовите на сите политички партии кои се дел од Европскиот фронт потпишаа заедничка изјава и застанаа зад неговите 10 заложби во улога на претседател на државата.

Поврзани објави

Делегација од земјата ќе учествува на регионалната конференција за микрофинансии Microbalkans 2024 во Сараево

Групацијата на небанкарски финансиски друштва при Стопанската Комора на Северна Македонија, заедно со претставници од Министерството за Финансии…
Повеќе
Total
0
Share