Коалицијата предводена од ДУИ, Европски фронт не исклучува ниту еден од демократските начини да се спасат од опозиција, односно да се изборат до крај да бидат дел од владината коалиција. Иако преговорите за Влада помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и „Вреди“ се во тек, ДУИ и натаму смета дека овој сооднос не е во ред за формирање Влада, односно победникот мора да коалицира со победникот.
Скендер Реџепи Зејд, вели дека постојат демократски механизми за да ги спречат. Тој не ја исклучува можноста и за протести по улиците
.„Европскиот фронт ниту размислува да остане во опозиција. Не дека имаме комплекси за да останеме во опозиција но факт е дека легитимноста почнува и извира од народот. Доколку народот ти го дава гласот тогаш треба да ги претставиш во сите државни институции“, вели Скендер Реџепи – Зејди, пренесува ТВ 21. Прашан на кој начин ќе се борат, дали преку протести, тој рече дека има повеќе демократски начини да се изрази револтот, но и да се докаже волјата на граѓаните.