Ѓердан Шаќири е прв играч со голови на дури 6 големи турнири по ред

Швајцарија и Шкотска синоќа ја завршија програмата за среда со реми 1:1. Скот Мектоминеј ги доведе Шкотланѓаните во водство а бод на Швајцарците им донесе Ѓердан Шаќири. Ова е дури шесто големо натпреварување по ред на кое Шаќири дава гол.

Триесет и две годишниот Шаќири има богата репрезентативна кариера за Швајцарија. Тој на голема сцена има дури три прекрасни евроголов од далечина. Од 1966-та година повеќе погодоци од далечина на Светски и Европски првенства од него имаат само пет играчи: Ривелињо, Диего Форлан, Лотар Матеус, Лионел Меси и Мишел Платини.

Шаќири има гол на дури шест Европски и Светски првенства по ред.

Единствен турнир на кој Ѓердан, некогашниот играч на Базел, Баерн Минхен, Ливерпул, Интер, Стоук Сити, Лион и сега Чикаго Фајр, е Светското 2010 во Јужна Африка.

Тогашниот селектор на Швајцарците Отмар Хицфилд реши да го повика 18-годишниот Ѓердан од Базел иако овој имал само три настапи за репрезентација до тогаш. Шаќири добил шанса 15-ина минути на мечот протуив Хондурас во групна фаза.

А потоа почнува неговата серија. Пример во Бразил на Светско првенство 2014 постигна хет-трик против Хондурас во групната фаза за само 65 минути. Швајцарците славеа 3:0.

После две години, Ѓердан кој е роден во Гњилане во Србија, постигна фантастичен гол со ножички на Евро 2016. Подоцна во 2018-та во финишот од напнатиот меч со Србија при резултат 1:1 Шаќири истрча од средина на теренот, поведе една брза контра и реализираше еден на еден за победа против директниот конкурент за пласман во следната фаза.

Поврзани објави
Total
0
Share