Ексклузивно за Клан Македонија: Др. Пол Вилијамс потврдува дека ја подготвува платформата за меѓуетнички легитимитет за Северна Македонија

Др. Пол Вилијамс, познат како автор на Охридскиот договор од 2001 година, за телевизијата Клан Македонија ексклузивно потврди дека заедно со неговата адвокатска канцеларија PILPG (Меѓународна група за јавна политика и право) и тимот меѓународни адвокати работи на прашањето за непочитување на Охридскиот договор и меѓуетничкиот легитимитет на институциите во државата.

На прашање на телевизијата Клан Македонија, Пол Вилијамс и ПИЛПГ потврдија дека работат на предлог платформа за правична и соодветна застапеност во процесот на формирање на Владата и меѓуетнички легитимитет на Владата.

Претходно, на сепартиски собир на 13 јули, претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети објави дека контактирал со г. Вилијамс и му ја објасни ситуацијата создадена во Северна Македонија по изборите на 8 мај, при што го ангажира експертот за меѓународно право да подготви прњдлог платформа за меѓуетничкиот легитимитет на институциите во согласност со Охридскиот договор.

Др. Вилијамс е ко-основач на Групата за меѓународно право и политика (ПИЛПГ), друштво кое обезбедува правна помош на државите и владите во мировни преговори, постконфликтни устави.

Др. Вилијамс им помогна на многу страни во меѓународните мировни преговори и советуваше многу држави за изготвување и спроведување на постконфликтни устави.

Др. Вилијамс служеше и како правен-советник за европски и канадски прашања во Канцеларијата на правниот советник на Стејт департментот на САД.

Поврзани објави

Делегација од земјата ќе учествува на регионалната конференција за микрофинансии Microbalkans 2024 во Сараево

Групацијата на небанкарски финансиски друштва при Стопанската Комора на Северна Македонија, заедно со претставници од Министерството за Финансии…
Повеќе
Total
0
Share