ЕКСКЛУЗИВНО КЛАН ТВ: Екстрадиран Бесим Красниќи од Косово

КЛАН ТВ Ексклузивно дознава дека Бесим Красниќи, брат на Агим Красниќи денеска е екстрадиран од Косово и е спроведен во затворот во Идризово.

Красниќи беше уапсен во Косово а Основниот суд во Урошевац му изрече 40 дена притвор врз основа на меѓународна потерница и сомневање дека во Македонија подготвувал тероризам и разбојништво. Заедно со него на 3 мај уапсени беа уште тројца, Агим Красниќи, Фадим Тоља и Сехат Рамадани. 

Екстрадицијата за Бесим Красниќи беше одобрена уште во 2021 година но беше реализирана. Од Министерството за правда претходно информираа дека деталите за преземање на дозволена екстрадиција ги прави МВР.

Се очекуваат повеќе детали од МВР.

Поврзани објави

Делегација од земјата ќе учествува на регионалната конференција за микрофинансии Microbalkans 2024 во Сараево

Групацијата на небанкарски финансиски друштва при Стопанската Комора на Северна Македонија, заедно со претставници од Министерството за Финансии…
Повеќе
Total
0
Share