Инфлацијата станува едноцифрена. Според податоците на Државниот Завод за Статистика во јуни, инфлацијата била 9,3 отсто, пренесува КланМ.
Забележан е благ пад на потрошувачката кошничка.
Според бројките, за да се помине месецот биле потребни 48.500 денари.
Кошничката за 500 денари е поевтина во однос на месец мај, но едно просечно семејство требало да одвои 300 денари повеќе за храна и пијалоци, односно околу 20.000 денари.
Во пракса, како што пренесува КланМ, една потрошувачка кошничка не може да се купи ниту со две минимални плати.
Статистиката вели дека најмногу во текот на една година поскапела храната.
Лебот и житарките, како што пренесува КланМ, се продаваат по цени повисоки за речиси 27%, млекото, сирењето и јајцата за речиси 26%, месото за повеќе од 25%. Единствени со поевтина цена се маслата за јадење за 5,3%.
Од Министерството за Финансии, како што пренесува КланМ, велат дека станува збор за охрабрувачки податоци, бидејќи државата од октомври минатата година до сега успеала да ја намали инфлацијата за повеќе од 10%.
Очекуваат инфлацијата уште повеќе да се намалува и следната година таа да биде 2%./KlanMacedonia