Мал спортски авион попладнево се урнал во шума во околина на Загреб, пренесува хрватски Индекс.Според хрватската шумска служба за спасување, во несреќата едно лице загинало, а повредени се четворица патници. Во авионот имало пет лица.Како што известуваат хрватските медиуми, полицијата добила дојава за авионската несреќа во 15 часот и 51 минути. На повредените им била пружена медицинска помош, а местото на несреќата е обезбедено, информираат од полициската управа во Загреб.
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ го посети местото на несреќата на спортскиот авион „Цесна 182“, во која едно лице загина, а три се повредени и соопшти дека сите патници се хрватски државјани.