,,Еден премиер за сите“-еден од слоганите на ДУИ за парламентарните избори

,,Еден премиер за сите“, е еден од трите слогани со коi Европскиот фронт предводен од ДУИ ќа ја води кампањата за парламентарните избори, информира на Фејсбук вицепремиерот Артан Груби. Европскиот фронт ја почнува кампањата за парламентарните избори денеска од хотелот „Александар палас“ каде ќе ги претстави кандидатите за пратеници.Слоганот „Еден премиер за сите“ е дополнет со фотографија од лидерот на ДУИ Али Ахмети.

Вториот слоган под кој Европскиот фронт ќе го води изборниот караван е веќе познатиот „НЕ на Русија, ДА за Европа“ и третиот „Економски рамковен договор“, што пак, е еден од десетте столба на изборната кампања на претседателскиот кандидат на Европскиот фронт Бујар Османи.

Османи, кампањата ја води под слоганот „Европски претседател“

Поврзани објави

Делегација од земјата ќе учествува на регионалната конференција за микрофинансии Microbalkans 2024 во Сараево

Групацијата на небанкарски финансиски друштва при Стопанската Комора на Северна Македонија, заедно со претставници од Министерството за Финансии…
Повеќе
Total
0
Share