ДУИ потпиша договор за коалиција со Движењето на Турците, Европскиот фронт се шири

 Уште една партија на турците се приклучи на Европскиот фронт. Лидерот на ДУИ, Али Ахмети денеска потпиша коалициски договор со претставниците на оваа партија, Сали Мурат и Сулејман Баки.

Мурат во својот говор рече дека се приклучуваат на фронтот со цел да се сменат состојбите во секоја сфера на општетсвото, особено состојбата на турската заедница во Македонија, исполнувајќи ги нормите за човекови права предвидени во Уставот.

Претходно, претседателот на интегративците потпиша коалициски договор со претседателот на Турската демократска партија, Бејџан Иљаз.

Кон Европскиот фронт се приклучија и партиите на Скендер Реџепи, на Аријанит Хоџа и на Мендух Тачи.

Во сабота во Гостивар ќе се потпише коалициски договор меѓу Ахмети и Села од Алијанса за Албанците.

Поврзани објави

Делегација од земјата ќе учествува на регионалната конференција за микрофинансии Microbalkans 2024 во Сараево

Групацијата на небанкарски финансиски друштва при Стопанската Комора на Северна Македонија, заедно со претставници од Министерството за Финансии…
Повеќе
Total
0
Share