ДУИ: На 8 мај на Мицкоски и неговите гласноговорници ќе им се покаже кај им е местото

Демократската унија за интеграција и Европскиот фронт изразуваат загриженост за нивото на речникот во предизборната кампања од страна на лидерите, кои, како што велат, треба да бидат пример за демократска и европска кампања.

„Последно, Мицкоски во Крушево изјави дека „неговата задача и цел е да ги испрати Али Ахмет и ДУИ во политичка пензија“. Го потсетуваме Мицкоски и неговите проруски телали дека кариерата и политичката активност на г-дин Али Ахмети е повеќе од историја, повеќе од Влада и повеќе од власт.

Од денот на основањето на ДУИ, г-дин Али Ахмети нема изгубено ниту едни избори и така ќе биде се додека Мицкоски не им се придружи на пензионерите, и во СДСМ и во ВМРО, кои своевремено сакаа уривање на ДУИ и на лидерот на Албанците, г-дин Али Ахмети.

Мицкоски знае дека во Северна Македонија не постои вага која може да ја измери работата, развојот и трансформацијата на државата со реформистичките проевропски политики на ДУИ и г-дин Али Ахмети.

Така, граѓаните на 24 април и 8 мај ќе ја заверат победата на ДУИ и Европскиот фронт, покажувајќи им уште еднаш каде им е местото на Мицкоски, ВМРО, како и на албанската опозиција веќе престроена со центрите на Кремљин“ велат од ДУИ.

Поврзани објави

Делегација од земјата ќе учествува на регионалната конференција за микрофинансии Microbalkans 2024 во Сараево

Групацијата на небанкарски финансиски друштва при Стопанската Комора на Северна Македонија, заедно со претставници од Министерството за Финансии…
Повеќе
Total
0
Share