ДУИ: Изет, на линија со Силјановска и ВМРО, му се заканува на Али Ахмети

Изет Меџити и албанската опозиција на линија со Гордана Силјановска од ВМРО. Впрочем, истите ја презедоа улогата на „маша“ на Мицкоски против се што е албанско.

Недалеку од денеска, губитникот на изборите на 24 април, Изет и неговите партнери се осмелуваат и им се закануваат на албанците и на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, обидувајќи се да внесат страв и неизвесност во пресрет на 8 мај, исто како што тоа го прават Силјановска и Мицкоски.

ДУИ и Европскиот фронт изразуваат загриженост за валканиот речник на Изет и албанската опозиција, а истовремено ги повикуваат граѓаните да не станат плен на мрачните и дестабилизирачки агенди со центар во Белград и Москва.

Им ставаме до знаење на Изет и неговите следбеници, дека Северна Македонија е веќе полноправна членка на НАТО и наскоро ќе биде и членка на Европската Унија.

Трасираниот пат и демократските институции не можат да се уништат со полициски закани, а тоа најдобро ќе го дознаете на 8 мај, кога Европскиот фронт ќе освои +20 пратеници.

Во оваа прилика ,ги повикуваме граѓаните на 8 мај масовно да го заокружат бројот 4 и да го спречат враќањето на полициската држава со што истовремено да ја запечатат длабоката историска победа на ДУИ и Европскиот фронт.

Поврзани објави

Делегација од земјата ќе учествува на регионалната конференција за микрофинансии Microbalkans 2024 во Сараево

Групацијата на небанкарски финансиски друштва при Стопанската Комора на Северна Македонија, заедно со претставници од Министерството за Финансии…
Повеќе
Total
0
Share