Вицепремиерот Артан Груби, придружуван од министерот за образование и наука, Јетон Шаќири и заменик министерот за одбрана, Тирон Јајага, денеска ја посетија Исламската верска заедница и се сретнаа со Реис ул улема на Исламската верска заедница на Република Северна Македонија, Афз. Шаќир Еф Фетаи. Груби и Шаќири, пренесувајќи ја честитката за светиот месец на постот Рамазан и во пресрет на празникот Фитр-Бајрам, на поглаварот на ИВЗ му го предадоа решението дека медресата „Иса бег“ во Скопје се здоби со официјална верификација. По 40 години од формирањето, владиниот кабинет стави крај на проблемот со верификацијата и признавањето на дипломите од завршувањето на образованието во оваа медресa и сите ученици кои ќе завршат образование во оваа медресa се рамноправни со другите. Членовите на владиниот кабинет од редовите на ДУИ во овој мандат испишуваат историја со големи дела, за граѓаните, за доброто и иднината на државата.
Поврзани објави
Делегација од земјата ќе учествува на регионалната конференција за микрофинансии Microbalkans 2024 во Сараево
Групацијата на небанкарски финансиски друштва при Стопанската Комора на Северна Македонија, заедно со претставници од Министерството за Финансии…
30.10.24 15:11
„Алкалоид“ повторно дел од најреномираниот глобален фармацевтски собир CPHI
CPhI 35 години по ред обединува фармацевтски експерти, иноватори и пионери од индустријата. Оваа глобална мрежа нуди можности…
11.10.24 10:29
Одбележана 80-годишнината на Стопанска банка – темелот на домашната економија
Банката со најдолга традиција во земјава, Стопанска банка АД – Скопје, го прослави 80-годишниот јубилеј со уникатен гала…
03.10.24 15:26