ДСЗИ: Здравство треба да ја утврди валидноста на вработувањата на Токсикологија кои се потпишани само од организациската директорка

Државниот санитарен и здравствен инспекторат изврши контрола на Клиниката за токсикологија поради тврдења за вработени без соодветно образование. Утврдиле дека договорите содржат само потпис од директорката, Бесија Иљази.

Директорката на инспекторатот, Рената Младеновска, објасни дека и медицинскиот и организацискиот директор треба заеднички да потпишуваат договори, откази и јавни набавки. Според законот, ако актите се потпишани од еден директор, тие се сметаат за непотпишани, но нема предвидена глоба. Инспекторатот ќе го информира Министерството за здравство да превземе мерки ако договорите не се валидни.

Претходно, инспекторатот забрани лица без важечки договори да работат во клиниката. На 15 мај договорите беа потпишани само со еден потпис.

Поврзани објави

Музеј на „Алкалоид“ АД Скопје – Kорпоративната историја и традиција на едно место

„Алкалоид“ го официјализираше отворањето на корпоративниот Музеј во рамките на својот локалитет во „Автокоманда“, кој претставува автентичен времеплов…
Повеќе
Total
0
Share